Дома Фудбал Проблемите во Барселона прикажани на една фотографија

Проблемите во Барселона прикажани на една фотографија

Барселона повторно не успеа да победи. Овој пат Атлетико Мадрид. Титулата е подалеку и подалеку од Ноу Камп, и поблиску до Реал Мадрид.

Во последниве денови многу се пишуваше за атмосферата во Барселона. Впечаток е дека Кикe Сетиен веќе ја загуби довербата на играчите, особено на најголемите sвезди.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Лионел Меси во саботата го игнорираше асистентот Едер Сарабија, бидејќи се обиде да му даде совет, па дури и на натпреварот против Атлетико можеше да се види дека некои работи не функционираат.

За време на паузата за освежување, фудбалерите на Барселона воопшто не застанаа заедно, тие не разговараа едни со други со намера да најдат идеално решение и да ги исправат грешките.

Со говор на телото да се напомене дека Сeтиен стоеше покрај линијата, додека некои играчи како Луис Суарез и Лионел Меси повеќе гледаа кон клупата на Атлетико отколку што се грижеа за својот клуб.

Од друга страна, сосема спротивно. Сите што играа за Атлетико се собраа околу Диего Симеоне и внимателно ги слушаа неговите совети и критики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…