Супер талентираниот фудбалер на Ајакс, Матијас Де Лихт е најдобриот млад фудбалер за Европа.
Најпрестижната награда за фудбалерите до 21 година ја доделува „Тутоспорт“, а таа оваа година заврши кај одличниот Де Лихт кој веќе некое време е мета на најголемите европски клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лихт има само 19 години и победи во конкуренција на Џастин Клајверт, Александар Арнолд, Винисус Жуниор и Патри Кутроне.
Наградата на овој фудбалер ќе му биде доделена денес во Торино.
Ќе потсетиме минатата година оваа награда ја доби Килијан Мбапе кој иако се уште е под 21 година, не беше во конкуренција поради тоа што беше во потесниот избор за „Златната топка“.
https://www.youtube.com/watch?v=xEW3qCd5TjA