Дома Фудбал Италија Супер натпревар во Серија А: Заза режираше голем пресврт на Торино!

Супер натпревар во Серија А: Заза режираше голем пресврт на Торино!

Toрино денес на свој терен после пресврт го победи Сасуоло со 3:2 во заостанатиот натпревар од 24. коло во Серија А.

Сасуоло одлично играше во првото полувреме и изгледаше дека со три бода ќе го напушти Торино, но тоа не беше случај. Гостите поведоа во шестата минута кога Капуто го пронајде Берарди кој погоди за 1:0. Половина час подоцна Берарди зголеми на 2:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


До крајот Торино успеа да дојде до фантастичен пресврт и тоа во финишот од натпреварот. Клучно беше влегувањето на Симоне Заза во игра во 72. минута. Само пет минути подоцна Заза намали на 2:1, за во 87. минута Мандрагора да изедначи на 2:2.

Кога изгледаше дека двете екипи ќе ги поделат бодови, Ансалди му асистираше на Заза, а тој го постигна неговиот втор гол за конечни 3:2 и три бода на Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Игор Тиаго со голема шанса да биде дел од составот на Бразил за Светското првенство 2026

Тројца фудбалери ќе се борат за двете преостанати слободни места во составот на Бразил за …