Ривер Плата нема да биде домаќин во реваншот од финалето на Копа Либертадорес на „Монументал“, а натпреварот ќе се одигра надвор од Аргентина, одлучи денес КОМБЕНОЛ.
Финалниот реванш ќе се игра на 8 или 9 декември, но за сега не е познато каде. Тој натпревар два пати беше одложуван минатиот викенд поради нападот на автобусот со фудбалерите на Бока Јуниорс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После денешниот состанок со претседателите на клубовите, КОМНЕБОЛ одлучи дека ќе ги покрие трошоците на двата клуба за одигрување на мечот надвор од Аргентина.
Ова дефакто значи дека Бока нема да го доби пехарот на зелена маса, како што бараше клубот, туку ќе се одигра реванш натпреварот.
Сега се поставува прашањето каде ќе се одигра натпреварот. Џенова и официјално се понуди да се игра на стадионот „Луиџи Ферарис“, а кандидатури истакнаа Милано, Мајами, Бело Хоризонте и Абу Даби.
OFICIAL | Conmebol confirma que la final entre River y Boca no será en Argentina. Se disputará el 8 o 9 de diciembre, en horario y sede a definirse (sujeto al fallo del Tribunal Disciplinario) https://t.co/yOIEU6ouqw pic.twitter.com/mL00pjzncC
— MARCA Claro Argentina (@MARCAClaroARG) November 27, 2018