Дома Фудбал Останато Судија прекина натпревар во 43. минута поради коронавирус

Судија прекина натпревар во 43. минута поради коронавирус

Пријателскиот натпревар помеѓу јуниорските селекции на Англија и Шкотска беше прекинат пред самиот крај на првото полувреме поради позитивен случај на коронавирус.

Натпреварот се играше во базата на репрезентацијата на Англија, а позитивен беше селекторот на гостите Били Старк иако во неделата на тестирањето беше негативен. Судијата бил известен дека после последното тестирање кај Старк се вратил коронавирусот и арбитрот не размислувал премногу.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веднаш се одлучил да го прекине натпреварот и да ги испрати фудбалерите во соблекувалната со цел да спречи дополнително ширење на вирусот.

Од ФС Шкотска соопштено е дека Старк се вратил дома каде што ќе помине десет дена во изолација, додека останатите играчи ги очекува 14 дневен карантин.

Натпреварот бил прекинат при резултат 3:1 за домаќините, вториот натпревар помеѓу овие две селекции беше закажа за недела, но сега и тој ќе биде одложен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити официјално го претстави Донарума

Повеќе од недела откако беше објавено дека Џанлуиџи Донарума ќе се приклучи на Манчестер С…