Фудбалерите на Лацио и тренерот на овој тим Маурицио Сари одбија да даваат изјави за медиумите во Италија по вчерашниот пораз од Јувентус.
Лацио во Торино беше поразен со 3:1, а по натпреварот никој од таборот на клубот од Рим не сакаше да даде изјава.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми пишуваат дека причината за ваквиот протест е што се незадоволни од судењето.
Конкретно во лацио се незадоволни од ситуацијата во 10. минута од натпреварот кога сметаат дека топката излегла во аут, но судијата одбил да ја гледа ВАР снимката.