Дома Фудбал Италија Суарез разговарал со Киелини за трансферот во Јувентус

Суарез разговарал со Киелини за трансферот во Јувентус

Луис Суарез имал разговор со Џорџо Киелини за неговиот евентуален трансфер во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Напаѓачот на Барселона сакал да ги разјасни односите со капитенот на „бјанконерите“ пред да се пресели во Торино.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Уругваецот го гризна Киелини за време на нивниот дуел на Мундијалот во 2014 година. После тоа Суарез доби суспензија од 4 месеци, па поради тоа напаѓачот имал потреба да ги разјасни односите со дефанзивецот.

Суарез е се поблиску до трансфер во Јувентус. Според медиумите тој веќе договорил 3-годишна соработка тешка 10 милиони евра по сезона и сега треба само да го раскине договорот со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Микел Артета најави значително отсуство во Арсенал: Ќе биде надвор од теренот неколку месеци

Mикел Артета, тренерот на Арсенал, одржа прес-конференција пред натпреварот со Сандерленд …