Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез како што стојат работите ќе си замине од Атлетико на крајот од сезоната.
Одличниот 34-годишен напаѓач игра одлично во дресот на „јорганџиите“, но договорот нема да му биде продолжен. Шпанските медиуми пренесуваат дека Симеоне наредната сезона ја планира без Суарез во клубот и на неговото место ќе биде доведен нов напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, прва желба на аргентинскиот стратег е напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нунез. Во Атлетико покажале голем интерес, а според информациите и Нунез не би имал ништо против кариерата да ја продолжи во Ла Лига.
Од друга страна кога е Суарез во прашање најавите се дека може да продолжи во САД. Повеќе МЛС клубови би сакале да го видат во своите редови, а најчесто се споменува Интер Мајами каде што претседател е легендарниот Дејвид Бекам.
Луис Суарез минатата година го предводеше Атлетико до титулата шампион на Шпанија и тоа откако дојде од Барселона. За Атлетико, Суарез вкупно одигра 64 натпревари и постигна 30 голови.