Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга ќе игра во плејофот од Конференциската лига!

Струга ќе игра во плејофот од Конференциската лига!

Македонскиот шампион загуби со 2-1 на гостувањето кај Есперанж, но со вкупни 4-3 се пласира во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марјан Радески во 15-та минута доби црвен картон, Струга ТЛ остана со играч помалку, но стружани поведоа само две минути подоцна со голот на Ибраими.

Есперанж во второто полувреме тргна на сѐ или ништо и успеа да направи комплетен пресврт. Најпрво во 70-та минута Густаво израмни, а потоа домаќините поведоа со 2:1, но тоа не беше доволно, па Струга се пласира во плеј-офот.

За место во групната фаза од Конференциската лига Струга ќе игра двомеч со Бреидаблик од Исланд.

Фото: Струга Трим Лум

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …