Актуелниот македонски шампион Струга Трим Лум е елиминиран од Жалгирис во првото квалификациско коло од Лигата на шампионит.
По ремито без голови во Литванија, Струга ТЛ денеска на стадионот „Билјанини извори“ загуби со 1-2.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во 76-та минута, македонскиот шампион дојде во водство со гол од пенал на Бесарт Ибраими по играње со рака во шестнасетникот.
Во осум минути Жалгирис постигна два гола за пресврт и победа. Прво Кендиш израмни на 1:1 во 78. минута, а потоа Сава Радиќ во 84 минута си постигна автогол.