Фудбалерите на Рома вечерва беа поразени на „Камп Ноу“ од Барселона со 4:1 во рамки на првиот четвртфинален меч во ЛШ.
Во доста чуден натпревар, Барселона успеа на крајот да слави со 4:1 иако не покажа ништо специјално вечерва. Со два автогола, односно погодоци на Пике и Суарез на крајот Каталонците запишаа висока победа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Единствениот погодок за Рома го постигна Един Џеко десеттина минути пред крајот. Џеко по мечот истакна дека е јасно дека Барселона е посилна од „Волчицата“, но порача дека судијата мора да има повеќе храброст да свири нешто против Барселона.
„Барселона е посилна од нас, но судијата мора да има храброст нешто да свири против Барселона. Да беше свирен пенал, натпреварот би бил поинаков. Штета, резултатот е 4:1 и е превисок и буквално три погодоци си дадовме самите на себеси“, истакна Џеко по мечот во Шпанија.