Дома Македонски спорт Стојков: Во оваа репрезентација има хемија, ова е шанса која не треба да се пропушти

Стојков: Во оваа репрезентација има хемија, ова е шанса која не треба да се пропушти

На денот на одигрувањето на натпреварот со Косово во емисијата „Сега е наше време“ на Фудбалската федерација на Македонија гостин беше Ацо Стојков.

Стојков и Пандев во минатото беа познат тандем, а еве што денес имаше да каже тој пред историскиот натпревар.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Верувам во овој тим затоа што фудбалерите покажаа дека имаат карактер, играат добар фудбал и може да се надигруваат со сите репрезентации. Свесни се и фудбалерите што ги очекува, што значи овој натпревар и сите се надеваме дека ќе оствариме победа. Косово е квалитетна репрезентација, но мислам дека анализата е добро направена од наша страна и оваа шанса не смееме да ја пропуштиме“, изјави помеѓу другото Стојков.

Во продолжение погледнете го целото интервју:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домаше…