Барселона вечерва игра против Динамо Киев на гостински терен во Лигата на шампионите.
Каталонците немаат право на кикс доколку сакаат да играат во нокаут фазата на ова натпреварување, но јасно е дека во Киев нема да им биде лесно. Вечерва Барселона од клупата ќе ја води Серхи Барухан кој е назначен за привремен тренер.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во наредните денови во Барселона се очекува пристигнување на Чави. Според најавите тој ќе го напушти катарскиот Ал-Сад и ќе ја преземе Барселона. На легендата на Барселона, Христо Стоичков не му е јасно како се променило мислењето на Лапорта за Чави во така краток период.




„Пред четири месеци Лапорта изјави дека Чави се уште е „зелен“ за Барселона и дека не е спремен. Меѓутоа сега само четири месеци подоцна смета дека Чави може да ја врати Барселона на победничките патеки. Не ми е јасно како толку брзо го смени мислењето“, изјави Стоичков.