Денес прес конференција пред натпреварот во СЕХА лигата со Мотор Запорожје одржаа тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров и капитенот Стојанче Стоилов.
Како и што се очекуваше и Стоилов и Кокшаров порачаа дека на оваа средба шанса ќе добијат оние кои не играат многу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние имаме свои планови за овој натпревар. Шанса ќе добијат оние кои не играат многу, но тоа не значи дека ќе се откажеме од победата. За нас бодовите се важни во СЕХА лигата“, изјави тренерот Кокшаров.
„Не чека тежок натпревар, многу се изморивме во саботата. Некои ракометари го носат товарот цела сезона и мислам дека можеме да калкулираме. И покрај тоа секако дека сакаме да победиме на домашен терен“.