Освен Филип Миркуловски вчера од репрезентацијата на Македонија се збогуваше и Стојанче Стоилов, ако за „Жути“ беше познато од претходно, Столе својата одлука ја соопшти на прес-конференција по натпреварот.
Стоилов кој повеќе од една деценија го носеше македонскиот дрес објави дека заминува поради преголема исцрпеност и фактот што неговото тело повеќе не може да го издржи тој напор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ставам крај на репрезентативната кариера, едноставно не сум здрав, моето тело не го издржува напорот. Фала и на македонската јавност за големата поддршка. Има многу имиња во изминатите години на кои сакам да им се заблагодарам, пред се туке Киро кој за мене секогаш ќе биде капитен, Жути исто така“.
„Да мислев дека не можат без мене немаше да се откажам, но верувам дека има кој да не замени. Верувам во овие деца, веќе не се ни деца. Не сакам да им ги земам минутите, Жаре заслужува да игра повеќе. Затоа мислам дека е време да има една смена на генерации која ќе биде конечна“, порача Стоилов.
Фото: РФМ