Јамајканецот сепак нема да игра на Малта.
Легендарниот спринтер Усаин Болт нема да го продолжи својот фудбалски развој на Малта. Јамајканецот ја одби понудата од Валета за двегодишна соработка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Болт нема да оди во Малта, ја одби понудата од Валета и таа приказна е завршена. Пред нас се уште многу понуди, повеќе клубови покажаа интерес“, откри менаџерот на Болт, Рики Симс.
Болт не е сигурен дали ќе остане во редовите на Централ Кост Маринерс со кој се припрема практично цело лето, а неодамна на пријателски натпревар ги постигна и првите погодоци.
Маринерси ја отвараат сезона во недела против Бризбејн, а се уште на најбрзиот човек на светот не му понудиле договор, доколку продолжат да одолговлекуваат веројатно и Болт ќе одлучи да се раздели со нив.
Јасно, фудбалските квалитети на Болт може се за сомневање, но тука е прашањето и на маркетингот. Болт е светско познато име, жива легенда во спортот и лице кое и да седи на клупата привлекува поголем интерес отколку цел тим на Маринерс.