Фудбалерите на Ајакс во реваншот од осминафиналето до Лигата на шампиони сензационално го победија Реал Мадрид со 4:1 на „Сантиаго Бернабеу“ и изборија пласман во четвртфиналето.
Во првите дваесет минути гостите од Ајакс постигнаа два гола, а потоа во 62-та минута Душан Тадиќ го постигна и третиот гол, кој веројатно беше пресуден за елиминација на „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму тој гол крена најголема полемика бидејќи дојде после една сомнителна ситуација на аут линијата. Судијата Брих со помош на ВАР прегледуваше дали топката ја поминала гол линијата, а потоа го признаа голот.
Од еден агол на успорената снимка се чинеше дека топката со цел обем ја помина гол линијата, меѓутоа судијата го призна голот, а УЕФА денес излезе со објаснување.
„Немаше ниту една снимка на која чисто можеше да се види дека топката ја премина во целост гол линијата. Линискиот судија кој беше во совршена позиција не виде дека топката ја мина линијата, па голот е признат по негова одлука“, стои во соопштението на УЕФА.
UEFA explain why Ajax’s third goal against Real Madrid wasn’t disallowed https://t.co/GPWRwVYFMY pic.twitter.com/pSHC8Nt1sK
— Managing Madrid (@managingmadrid) March 8, 2019