Дома Фудбал Останато Стигна казната за Нејмар за удирањето на навивачот во финалето од францускиот куп

Стигна казната за Нејмар за удирањето на навивачот во финалето од францускиот куп

Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар ја доби казната за удриањето навивач во финалето од францускиот куп.

Ќе потсетиме, Нејмар во финалето во кое ПСЖ играше против Рен и доживеа пораз, Нејмар не издржа на провокациите од навивачот и му возврати.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес Дисциплинската комисија на Франција ја соопшти казната за Бразилецот и таа изнесува суспензија од три натпревари.

Инцидентот не помина незабележано во светските медиуми и сите го осудуваа таквиот потег на играчот на ПСЖ.

Реномираниот француски весник „Л’Eкип“ објави и дека Нејмар треба да биде задоволен од казната од три натпревари бидејќи очекувањата биле да добие поголема за таков инцидент. Според нив Бразилецот требало да биде казнет со пет или шест натпревари.

Како што се додава влијание за казната да биде помалао имало и тоа што Нејмар после инцидентот ја призна грешката и се извини.

„Требаше ли да постапам така? Дефинитивно, не. Признавам дека направив грешка и се извинувам, но навистина тешко е да се остане мирен во такви ситуации“, изјави Нејмар после тој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Очекувано: Јамал е „Златното момче“ за 2024 година

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитникот на наградата „Златно момче“ за 2024 година…