Дома Македонски спорт Старт каков што може само да се посака: Два гола на Најдовски за победа на Тирана

Старт каков што може само да се посака: Два гола на Најдовски за победа на Тирана

Поранешниот фудбалер на Вардар Филип Најдовски стартна победа во албанската лига за Тирана.

Најдовски одигра одличен натпревар и ги постигна двата гола за неговиот тим. Ваков почеток поранешниот вардарец можеше само да посакува. Уште во раната фаза по осум минути го отвори резултатот, а веќе во 14-тата го постигна вториот гол против Кукс. Тој резултат на крајот се покажа како конечен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ќе потсетиме, Најдовски го напушти Вардар кога клубот го зафати финансиската криза која се уште е актуелна и не се знае како ќе заврши. Заедно со Најдовски за Тирана потпиша и Кристијан Тошевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Видео: Ѕвездата на Арсенал го нападна противникот по грешката: Зошто ова не е црвен картон? Огромна грешка

На бизарен начин, Арсенал ја загуби очекуваната победа против екипата на Волвс, последно п…