Дома Фудбал Останато Албански тим ја најави сезоната и со песна од Тоше Проески 🎥

Албански тим ја најави сезоната и со песна од Тоше Проески 🎥

Во викендот кој следи започнува сезоната во албанската фудбалска елита, па така екипата на Тирана која има амбиции за највисок пласман ги најави возбудувањата кои се очекуваат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред сезоната тие направија видео во кое со песни по избор на фудбалерите ја најавуваат сезоната. Во видеото очекувано доминираат албански традиционални песни, меѓутоа пред крајот на најавата се слуша и песна од нашата музичка легенда Тоше Проески.

Причината поради што песната на Тоше се најде во ова видео е Филип Најдоски кој во овој тим настапува заедно со уште двајца македонски фудбалери Кристијан Тошевски и Енур Тотре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Полета во Барселона, па ја заборави измамата што ја направи: “Тука веќе никој не те сака”

Нико Вилијамс ја измами Барселона минатото лето. Преговараше долго со каталонскиот клуб, в…