Дома Фудбал Италија Најмладиот дебитант во последните 100 години – тинејџер испиша историја за Италија во Тирана!

Најмладиот дебитант во последните 100 години – тинејџер испиша историја за Италија во Тирана!

И додека 13 европски селекции се подготвуваат за претстојниот почеток на Светското првенство во Катар, шампионот на Стариот континен, Италија влегува во процес на градење на нов тим, кој треба да го брани трофејот освоен пред година и половина.

Процесот за избраниците на Роберто Манчини започна добро, бидејќи Италија вчера во пријателски натпревар ја победи Албанија со 3:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот во Тирана го одбележа и дебито на фудбалерот на Удинезе, Симоне Пафунди, кој влезе во историјата на италијанската репрезентација.

Имено, со 16 години и 247 дена, Пафунди стана најмладиот дебитант во историјата на Италија во последните 100 години – вкупно трет најмлад досега. Манчини му даде шанса, без разлика што досега одигра само 22 минути во Серија А.

Сепак, одличните игри во селекцијата до 17 години на „Азурите“, каде постигна четири гола на пет натпревари, му го „купија“ билетот за А тимот. На крајот ќе остане запаметено дека тој влезе на теренот на местото на Марко Верати во 90. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Морати го вмеша „Калчополи“ и предизвика бурни реакции со изјавата за Јувентус и титулата на Интер

Помеѓу фановите на Интер владее еуфорично расположение откако овој тим со победата во град…