Дома Фудбал (Видео) Непочит и немање срам: Шпанија зборува за тоа што Јамал го направи во Мадрид

(Видео) Непочит и немање срам: Шпанија зборува за тоа што Јамал го направи во Мадрид

Барселона синоќа го победи Атлетико во Мадрид со 1:2, а главна тема во шпанската јавност е однесувањето на Ламинe Јамал кога Роберт Левандовски го даде голот за победа, но и откако судијата го означи крајот на натпреварот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонците на најдобар начин успеаја да го искористат поразот на Реал Мадрид против Мајорка, па синоќа по пресвртот го победија Атлетико и ја зголемија предноста на седум бодови.

Иако Атлетико водеше со 1:0 со голот на Симеоне, на крајот Барселона славеше со 1:2. Израмнувањето го донесе Решфорд, а голот за победа на Каталонците беше дело на Левандовски во самиот завршеток на натпреварот.

Меѓутоа, она што е главна тема во Шпанија е однесувањето на Ламинe Јамал.

Многумина забележале дека Јамал воопшто не славел по голот на Левандовски за 1:2, и не е јасно зошто ѕвездата на Барселона била толку нерасположена.

Но, Јамал не се запреа тука бидејќи камерите снимија интересен детал кога ја напушташе теренот.

Тогаш Флик му пристапи на Јамал и нешто го праша, но младиот играч на Барселона само помина покрај својот тренер и продолжи кон соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …