Дома Останати Кошарка Стартна победа за Далас во плеј-офот, Дончиќ блескаше

Стартна победа за Далас во плеј-офот, Дончиќ блескаше

Екипата на Далас, предводена од Лука Дончиќ, триумфираше синоќа над Лос Анџелес Клиперс со 113:103 во првиот натпревар од доигрувањето во Западната конференција во НБА лигата, а стартни победи во плејофот забележаа и Портланд, Бруклин и Милвоки.

Словенечкиот кошаркар беше најзаслужен за триумфот на Далас, завршувајќи го мечот со трипл-дабл ефект од 31 поени, 11 асистенции и десет скокови. Вториот натпревар се игра во вторник, повторно во Лос Анџелес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Бруклин, исто така, славеа во првиот натпревар од доигрувањето на Истокот, забележувајќи победа на домашен терен над Бостон со 104:93. Кевин Дурант беше најефикасен во победничкиот тим и на теренот со 32 поени, додавајќи и 12 скокови.

Портланд во првиот натпревар од доигрувањето на Западот како гости со 123:109 го надиграа Денвер, а до победата и водството од 1:0 во серијата ги предводеше Дамиан Лилард со 34 поени и 13 асистенции. Никола Јокиќ во редовите на Денвер го заврши мечот со 34 кошеви и 16 скокови.

Во првиот плејоф натпревар одигран синоќа во НБА лиагата, финалистот од ланската сезона Мајами го отвори доигрувањето со пораз од Милвоки од 107:109 по продолжение.

НБА плеј-оф, резултати:

Бруклин нетс – Бостон селтикс 104:93 (1-0)
Милвоки бакс – Мајами хит 109:107 (1-0)
Денвер нагетс – Портланд трејл блејзерс 109:123 (0-1)
ЛА клиперс – Далас маверикс 103:113 (0-1)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…