Дома Фудбал Репрезентации Старите пријатели еден против друг: Аргентина и Бразил вечерва ќе играат за трофејот во Копа Америка

Старите пријатели еден против друг: Аргентина и Бразил вечерва ќе играат за трофејот во Копа Америка

Маракана ноќта меѓу сабота и недела ќе биде домаќин на возбудливиот судир, на големото финале на Копа Америка меѓу вечните ривали Бразил и Аргентина.

Двете селекции се вметнати во историјата на ова натпреварување, Бразил ќе има за цел да го освои трофејот по 10-ти пат, додека нивните противници со победа би ја додале 15-тата титула во Јужна Америка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Домаќините имаат за цел да ја задржат титулата на домашен терен по триумфот во 2019 година, додека избраниците на Лионел Скалони одат по својот прв трофеј уште од крајот на минатиот век.

Бразил по одбрана на трофејот

Бразил влезе во овогодинешното издание на Копа Америка со големи очекувања како фаворит уште пред турнирот и тие така и започнаа во групната фаза со три последователни победи.

Бразил започна со победа над Венецуела од 3:0, па победи со 4:0 над Перу, пред да мора да покаже поинаква страна од својата игра за да ја совлада Колумбија со 2:1.

Нивните противници рано поведоа преку Луис Дијаз, а избраниците на Тите мораа да се мачат во потрагата по израмнување, за конечно да израмнат во 78-та минута преку Роберто Фирмино пред Касемиро дури во 10-та минута од додаденото време да го постави онечниот резултат од 2:1.

Бранителот на титулата сепак не ја заврши групната фаза со максимален ефект, откако нерешено 1:1 со Еквадор во последниот натпревар во групата.

Но нивното прво место во групата им го олесно патот до финалето. Момците на Тите во четвртфиналето играа со четвртопласираната екипа од групата А – Чиле, иако тоа беше особено тешка победа од 1:0 во Рио де Женеиро. Во полуфиналето играа со Перу и славеа повторно со 1:0.

Бразил се пласираше во своето 21 финале на Копа Америка со големи очекувања, откако освои девет од нив, вклучувајќи го и трофејот од 2019 година. Тој турнир исто така се одржа во Бразил, а домаќините во финалето ја совладаа токму екипата на Перу со 3:1.

Бразил сега ќе се надева на повторување на тој исход во недела, бидејќи имаат за цел да ја задржат титулата на домашниот терен две години подоцна.

Аргентина сака а го израмни рекордот на Уругвај

И Аргентина исто како и Бразил досега на Копа Америка има само едно реми. Нивниот прв меч во групната фаза заврши нерешено, откако на отварањето одиграа 1:1 со Чиле. Едуардо Варгас го изедначи резултатот, откако Лионел Меси постигна гол од слободен удар во првото полувреме.

После тоа, тие брзо започнаа со победничка серија, извојувајќи клучни победи со 1:0 над Парагвај и против еден од фаворитите во групата Уругвај на следните натпревари.

Аргентина потоа ја заврши групната фаза со победа од 4:1 над Боливија, откако Меси погоди два пати помеѓу головите на Алехандро Гомез и Лаутаро Мартинез.

Откако удобно заврши на првото место во својата група, Аргентина славеше удобна победа од 3:0 над Еквадор во четврт-финалето.

Колумбија го чекаше тимот на Скалони во полуфиналето, а тоа беше еден навистина тежок меч за моците на Скалони. Луис Дијаз го израмни резултатот на 1:1 по раното отворање на мечот со голот на Мартинез.

Немаше побендик ниту по продолжените па следеа пенали. А во пенал серијата Меси, Мартинез и Леандро Паредес не направија грешка, што беше доволно за пласман во финалето.

По 29-ти пат тие ќе играат во финалето на Копа Америка, а последен пат играа финале во 2016 година, кога доживеаа пораз во пенал рулетот од Чиле.

Оваа селна селекција сега ќе се обиде да го освои 15-от трофеј на Копа Америка за да го израмни рекордот на Уругвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…