Дома Фудбал Италија Станковиќ за голот на Јувентус: Не сакаме од нас да прават будали!

Станковиќ за голот на Јувентус: Не сакаме од нас да прават будали!

Јувентус како домаќин вчера во рамките од 26. коло во Серија А ја совлада Сампдорија со 4:2.

По натпреварот тренерот на претпоследниот тим во Серија А, Дејан Станковиќ изрази незадоволство од судењето на средбата, поточно смета дека третиот гол на Јувентус не требало да биде признат.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Станковиќ е убеден дека Рабио играл со рака пред да шутира кон голот.

„Дадовме се од себе против силен Јувентус, тим на кој ако не му беа одземени бодовите ќе беше второплкасиран на табелата. Ако веќе губиме, сакам да губиме со подигнати глави“, изјави Станковиќ па продолжи:

„Ако судијата во ВАР вели дека немало игра со рака, му верувам, но…Гледајте можете да ја враќањте снимката 20 пати и ќе видите дека има игра со рака. Се гледа движење со бицепсот. Само тоа ќе го кажам. Верувам дека судиите во ВАР виделе дека е се во ред. Можеме да прифатиме некои работи, но до одредени граници. Не сакаме од нас да прават будали“.

„Можеби и така ќе изгубевме, но дајте ни да играме уште неколку минути при 2:2. Срцето ми крвари поради овие момци, заслужуваат повеќе“, заклучи српскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навреди кон Фоден, Пеп вели – недостаток на класа, тоа не е Јунајтед

Дербито на Манчестер не го одбележаа ниту добри шанси ниту убав фудбал. Голови немаше, но …