Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе паузира најмалку шест месеци поради повреда на предните вкрстени лигаменти со која се здоби на финалето од Купот против Ајнтрахт.
„Мора да се консултирам со лекарите. После натпреварот имав болки, но можеби лигаментите се само истегнати, а не скинати“, истакна Ројс.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Сепак, после деталните прегледи прогнозите не се добри, а медиумите тврдат дека повредата е тешка и Ројс ќе мора на подолга пауза.
Така Германецот после пропуштањето на Светското првенство во 2014 година и Европското првенство минатата година ќе пропушти уште едно големо натпеварување – Купот на кофедерации ова лето.
Ројс пристигна во Дортмунд во 2012 година, за „милионерите“ одигра 125 натпревари на кои постигна 56 гола, но во последните две години повеќе е повреден отколку здрав.