Српската манекенка Наталија Шеќиќ тврди дека и било понудена сума од 60.000 евра и луксузно патување за да го заведе најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.
Шеќиќ била повикана во Лондон каде што имала деловен состанок на кој нејзин познаник и ја дал непристојната понуда. Наводно тој бил контактиран од луѓе кои барале атрактивна девојка да го заведе Ѓоковиќ и сето тоа да го сними.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ме побара човек од Белград кого го познавам и за кого мислев дека е сериозен менаџер. Ми закажа состанок и очекував да разговараме за сериозна работа. Кога ми го кажа планот мислев дека се работи за скриена камера и почнав да се смеам, ми изгледаше како шега, но беше вистина. Подготвуваа пеколен план. Бараа да имам интимен однос со Новак и тоа да го снимам“, изјавила манекенката.
Откри и каква била понудата.
„Ми понудијата 60.000 евра и патување какво што сакам да изберам. Но, тоа беше навредливо за мене. Не сум таква девојка, можам само да замислам што ќе се случуваше ако такво видео излезеше во јавноста, сигурно ќе настанеше голем хаос. Ѓоковиќ не заслужува да му се направи такво нешто“, изјави Шеќиќ.