Дома Фудбал Репрезентации Србија со голема промена: Ги менува боите на дресот и логото!

Србија со голема промена: Ги менува боите на дресот и логото!

Фудбалскиот сојуз на Србија донесе одлука за промена на грбот на дресот на репрезентацијата и враќање на логото со „Четири С“ на местото на белиот орел со лилјани.

Грбот на орелот предизвикал различни реакции во јавноста откако беше претставен во април 2022 година. Исто така најавена е и промена на бојата на дресовите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во иднина Србија ќе настапува во комбинација дресови која ќе биде во боите на знамето: Црвена-сина-бела.

Договорот на Србија со актуелниот спонзор истече и на Европското првенство ќе играат со договорениот дрес, додека потоа ќе биде преставен новиот грб и новиот спонзор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Хојлунд: Имам почит за ривалот, но Македонија не е Франција или Германија!

Данскиот напаѓач Расмус Хојлунд во интервју за телевизијата „ТВ2“ кажа дека имаат златна ш…