Дома Останати Кошарка Србија и дефинитивно ќе бара нов селектор, Пешиќ го потврди заминувањето

Србија и дефинитивно ќе бара нов селектор, Пешиќ го потврди заминувањето

Најавите кои претходно се појавија сега се потврдени, Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на Србија.

Самиот Пешиќ потврди дека заминува од функцијата, а раководството преводено од новиот претседател кој ќе дојде на местото на Предраг Даниловиќ ќе треба да пронајде нов стратег.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ поднесе оставка. Како што разбрав, тоа го направи за да му овозможи на новото раководство на федерацијата да формира нов стручен штаб и цели на почетокот на новиот олимписки циклус.

Што се однесува до мене лично, уште пред Париз, најавив дека некој друг треба да го продолжи тоа што јас го започнав Бидејќи гледам дека некои не ме слушнаа добро, сега им велам дека одговорните – оние што ќе ја водат КСС во иднина – треба да знаат дека меѓу другото ќе мораат да пронајдат нов селектор. Јас стојам на располагање на српската кошарка да помогнам, меѓутоа ќе се насочам кон други проекти за кои немав време бидејќи 24 часа бев во функција на репрезентацијата“, изјави Пешиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Во Милан веќе се разговара за отказ на Фонсека: Познат и првиот фаворит

Екипата на Милан вчера во Лигата на шампионите претрпе пораз од Ливерпул со 1:3, а овој по…