Тони Жирона повеќе не е селектор на ракометната репрезентација на Србија.
Србија Европското првенство во Германија го заврши во групната фаза, а амбициите беа многу повисоки, па затоа раководството одлучи да ја прекине соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Информацијата ја потврди претседателката на Ракометниот сојуз на Србија, Милена Делиќ.
„По извршниот детален состанок со господинот Жирона, дојдовме до заклучок дека во овој момент најдобро е да дојде до раскинување на соработката во согласност со двете страни. Благодарни сме му за се позитивно што доносе за машкиот српски ракомет за време на својот мандат и му посакуваме многу среќа во иднина. Ракометниот сојуз на Србија ќе ги испочитува сите правни обврски дефинирани во договорот“, изјави Делиќ.
По отказот се огласи и самиот Жирона.
„Не е лесно да се носите со оваа ситуација по Европското првенство. Не ја остваривме целата и разбирливо е дека на ракометната репрезентација и е потребна нова енергија за се што следи во иднина. Благодарен сум на дадената можност и за секој момент во претходниот период“, изјави Жирона.
Шпанскиот селектор на кормилото на Србија седна во мај 2020 година и со Србија направи неколку одлични резултати како победите против Франција и Норвешка во квалификациите за Европското првенство, но сепак потфрлија кога беше најпотребно.