Дома Останати Кошарка Србија беше на чекор до сензација, САД се извлече

Србија беше на чекор до сензација, САД се извлече

Српската кошаркарска репезентација беше на чекор до победа на американскиот дрим-тим и имаше водство цели 38 минути во полуфиналето на Олимпијадата.

Србија имаше двоцифрена предност во повеќе од половина меч. Водеа и со 17 поени разлика, а на полувреме водеше со 54:43. Истата предност ја имаше и на влезот во последната четвртина.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Никола Јокиќ рано во последниот период направи четири лични грешки, па Американците постигнаа неколку лесни поени и успеаа да се вратат.

На само две минути пред крајот на мечот САД првпат дојдоа во водство, кое знаеја како да го задржат до крајот на мечот.

Богдан Богдановиќ мечот го заврши со 20 поени, Јокиќ уфрли 17, додека Аврамовиќ постигна 15 поени. Србија во мечот за бронзата ќе игра против актуелниот светски шампион, Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Чудесен натпревар на Оклахома. Го декласираа Јокиќ и Нагетс и се изборија за финале на Западот.

КОШАРКАРИТЕ од Оклахома Сити Тандер се пласираа во финалето на Западната конференција на п…