Каталонскиот „Спорт“ денес пренесува една загрижувачка вест за навивачите на Барселона.
Напаѓачот на Барселона, Нејмар, за прв пат сериозно размислува за заминување од „Ноу Камп“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, Нејмар ова лето прв за прв пат имал доволно време да размисли и да ги разгледа своите опции за продолжување на кариерата.
Причината е јасна – Нејмар освои се што можеше да се освои, повеќе пати беше шампион на Шпанија, ја освои Лигата на шампионите, сите купови и СП за клубови, но му недостасува еден трофеј – ЗЛАТНАТА ТОПКА.
Нејмар повеќе пати од различни страни добиваше совети да размисли дали сака да остане во Барса и да биде вечна сенка на Лионел Меси или да премине во клуб каде што ќе биде прва ѕвезда и ќе има шанса да се бори за Златната топка.
„Спорт“ открива дека Нејмар прв пат размислува за својата иднина, а очекувано, одредени клубови веќе се спремни да тргнат по потписот на Бразилецот.
Јасно е дека нема многу клубови кои можат да си го дозволат Нејмар, неговата откупна клазула изнесува 220 милиони евра и со текот на времето ќе порасне и до 250.
Очигледно дека само три клуба се спремни да ја платат таа сума, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и ПСЖ, иако се шпекулираше дека и Флорентино Перез би можел да тргне во напад на Бразилецот.
Споменатиот медиум потсетува и на изјавата на Нејмар која ја даде неодамна.
„Кој знае што ќе се случи утре? Се е можно, кој знае, Манчестер? Можеби…или можеби и Еибар“, изјави Нејмар.
#FCB | Neymar está incómodo en el Barça https://t.co/UTET98cz66 pic.twitter.com/8koR9S2fgM
— Diario SPORT (@sport) July 17, 2017