Португалскиот „Рекорд“ пренесува вест дека Ливерпул покажал интерес за младиот фудбалер на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш.
„Рекорд“ тврди дека Ливерпул веќе го контактирал агентот на Мендеш. Агентот на играчот Мигел Пињо за интересот на Ливерпул го известил Спортинг, а од клубот добил јасен одговор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мендеш во неговиот договор има откупна клазула од 45 милиони евра и кој ќе сака да го доведе ќе мора да ја плати таа сума.
Се наведува и дека Ливерпул не е единствениот клуб кој се распашувал за Мендеш, се разговарало и со Реал Мадрид меѓутоа „кралевите“ не влегле во посериозни преговори затоа што немале намера да платат толкава сума.
Инаку, Мендеш е фудбалер кој игра на позицијата лев бек и од неодамна почна да добива шанса во првиот тим на Спортинг. За Спортинг до сега собра девет настапи во португалското првенство.