Дома Останати Авто Мото Спектакуларна трка: Маркез го надмудри Дови во последните 100 метри!

Спектакуларна трка: Маркез го надмудри Дови во последните 100 метри!

Марк Маркез е победник на ГН на Тајланд, откако излезе победник во големото надмудрување со Андреа Довициозо.

Многу пати во минатото Довициозо беше победник во директните дуели со Маркез, но овој пат Шпанецот го надмудри Дови да направи сериозна грешка во последниот свиок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Довициозо водеше во најголемиот дел од трката, но Марк Маркез почна да атакува во финишот. Возачот на Дукати се одбрани во неколку наврати, но немаше одговорот за нападот во свиокот број пет на последниот круг.

Зад нив на пиедесталот финиширање Маверик Вињалес, додека „докторот“ заврши на 4-та позиција, иако и тој на почеток од трката беше во борба за првата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …