Хорхе Лоренцо направи вистински хаос на стартот на трката во Каталонија, ги „почисти“ сите ривали и едноставно му „подари“ победа на Маркез.
Лоренцо во обидот да го нападне Винјалес постапи почетнички со катастрофална грешка притоа соборувајќи дури тројца возачи. Настрадаа Винјалес, лидерот во тие моменти на трката Довичиозо како и Валентино Роси кои предвреме ја завршија трката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
https://youtu.be/EC3DxrKe2IA
Маркез заврши убедливо прв со неколку секунди разлика, втор заврши Квартараро кој ја доби битката со Петручи, четврти заврши Алекс Ринс, додека првата петорка ја комплетираше Милер.