Дома Фудбал Италија Спектакуларен волеј од скоро 30 метри во Серија А! (ВИДЕО)

Спектакуларен волеј од скоро 30 метри во Серија А! (ВИДЕО)

Удинезе во 29-тото коло од италијанското првенство ја победи Џенова со 2:0.

Домаќините на стадионот „Фриули“ до водство стигнаа уште во четвртата минута кога за популарните „зебри“ погоди Стефано Окака.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Повеќе возбудувања на овој натпревар немаше се до 62-та минута Роландо Мандрагора постигна гол кој ќе биде сериозен кандидат за гол на сезоната.
Овој играч погоди од скоро 30 метри одалеченост со фантастичен шут.

Џенова се разбуди во самиот финиш кога добри прилики пропуштија Кристијан Куаме и Џанлука Лападула, меѓутоа резултатот не се менуваше.

Горан Пандев на овој натпревар во игра влезе во второто полувреме на местото на Ролон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хојлунд се враќа на Апенините – познат е неговиот следен клуб!?

Цело е јасно на сите дека Милан мора да бара центарфор, играч што ќе биде сигурен пред про…