Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати предизвикот на светскиот рекорд на 100 метри Усаин Болт.
Фудбалерот на ПСЖ е свесен дека Болт би победил, но не се плаши да излезе на патеката.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Болт е еден голем шампион и му се восхитувам на се што направи. Не го велам ова затоа што зборуваше убаво за мене неодамна, тука навистина мислам така. Дефинитивно тој е еден од најголемите спортисти во историјата. Ја видов неговата изјава дека би сакал да застанеме на линијата. Секако е побрз од мене и би победил без проблем, но ќе биде забавно“, изјави Мбапе.
Ќе потсетиме, Болт иако е пензиониран се уште го држи рекордот од 9.58 секунди на 100 метри. Мбапе споменатата дистанца најрбзо ја истрчал за 10.9 секунди.