Дома Фудбал Италија Спалети незадоволен: Тие што велат дека добро сме поминале немаат поим

Спалети незадоволен: Тие што велат дека добро сме поминале немаат поим

Денеска беше одржана ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите, по што стана јасно дека Италија ќе има барем еден претставник во полуфиналето.

Во четвртфиналето ќе играат Наполи и Милан, победникот од тој дуел ќе се бори за пласман во финалето со подобриот од дуелот помеѓу Интер и Бенфика, а тренерот на наполитанците Лучијано Спалети признава дека е незадоволен од ждрепката во Нион.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа ќе биде пресметка меѓу актуелниот шампион на Италија Милан и многу веројатно идниот Наполи, откако „наполитанците“ речиси го обезбедија „скудетото“ во тековната сезона. Само чудо може да ги спречи да ја освојат титулата.

Посакував ривал кој не е од Италија, но добивме нешто друго“, изјави Спалети.

“Милан има голема историја, тие што велат дека добро сме поминале во ждрепката немаат поим. Само Реал ја освоил Лигата на шампионите повеќе пати од Милан. Историјата говори многу”, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатно: Рома промаши ист пенал три пати (видео)

Рома загуби од Лил на домашен терен со 0:1 во рамките на Лига Европа, а на овој меч беше в…