Дома Македонски спорт Спалети: Лошиот терен беше предност за Македонија, ние не знаевме што да очекуваме пред да дојдеме

Спалети: Лошиот терен беше предност за Македонија, ние не знаевме што да очекуваме пред да дојдеме

Maкедонија вечерва одигра одличен натпревар и остана непоразена против Италија 1:1.

Ова беше прв натпревар на Македонија по дебаклот против Англија и вечерва видовме, многу подобра и поквалитетна Македонија за разлика од тој натпревар.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекторот на Италија Лучијано Спалети за кого ова беше деби на клупата, како една од причините за поразот го наведе лошиот терен во Скопје.

„Пропуштените прилики секако имаа свое влијание, но секако тука беше и квалитетот на теренот. Видовме многу дуели во кои топката многу отскокнуваше, а Македонија имаше предност бидејќи веќе го познаваше теренот. Ние не ја знаевме состојбата на теренот пред да дојдеме тука, јас сум тренер кој секогаш сака да игра убав фудбал и Македонија имаше предност со својот стил во денешниот натпревар.

Спалети истакна задоволство од залагањето на фудбалерите.

„Морам да кажам дека денес фудбалерите изгледаа како една целина на теренот, добро освојуваме високи топки, покажавме и технички квалитети“, изјави Спалети.

По ова реми Македонија има четири бода исто колку и Италија која има еден натпревар. Украина е второпласирана со седум, Англија на лидерската позиција има 13.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…