Со три нови играчи, две принуди замени, и многу поголема енергија ќе влезе нашиот најдобар национален тим во вечерашниот дуел против селекцијата на Грузија, закажан за 20.часот во А1 Арената „Спортски Центар „Борис Трајковски “во Скопје.
По враќањето од Тбилиси каде го загубивме натпреварот со силниот грузиски состав, стручниот штаб доби и лоши, но и неколку добри вести.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што не е добро е фактот дека за овој натпревар кој е дел од 4. коло од групата „Г“ од квалификациите за Светскиот Куп, не можеме да сметаме на Андреј Маслинко и Андреј Митревски, кои се вратија од Грузија со повреди. Силното крило има хематом на потколеницата, а еден од најмладите во нашиот тим, болки и оток во пределот на стапалото предизвикани од силен удар кој го доби за време на дуелот во Тбилиси.
Убавите вести се дека Ненад Димитријевиќ ги надмина проблемите, одработи неколку тренинзи по доаѓањето во Скопје, и ќе го облече дресот со бројот „седум“.
Дополнително нашата бековска позиција ќе биде засилена и со враќањето на стандардниот Андреј Магдевски, кој исто така во изминатиот период се бореше со повреда.
Нова опција в.д. селекторот на нашата национална селекција Александар Јончевски ќе има и на крилната позиција на која на местото на повредениот Андреј Маслинко, влегува Андреј Андоноски.
Младиот играч се враќа кај „жолто-црвените“ откако беше дел од тимот кој летоска обезбеди место во овие квалификации на турнирот во Скопје.
За разлика од претходниот меч во Тбилиси, во ростерот нема место за Павел Данаиловски, кој го имаше своето сениорско деби и ќе чека нова шанса во наредниот период. Селекторот Драган Бајиќ поради позитивниот тест на коронавирус пред тргнувањето за Тбилиси ќе го пропушти и овој натпревар.