Дома Фудбал Италија „Со трансферот на Влаховиќ Јувентус испраќа силна порака“

„Со трансферот на Влаховиќ Јувентус испраќа силна порака“

Поранешниот играч за врска на Јувентус, Алекси Такинари е воодушевен што Душан Влаховиќ ќе потпише за клубот од Торино.

Такинарди порачува дека ангажирањето на напаѓачот на Фиорентина е јасна порака од првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели до ривалите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Уште едно првенство почнува за Јуве, Влаховиќ е единствениот кој може да ја поништи лошата сезона. Мислам дека Ањели беше изморен од патот по кој одеше екипата. Ова е негова силна порака: Престанете да се шегувате, уморен сум, сакам победи, не сакам да го гледам повеќе Јувентус на петтата или шестата позиција, го направив овој чекор пред вас“.

„Головите на Влаховиќ се гаранција. Последен пат сличен ваков јануарски трансфер кој може да ги промени работите беше доаѓањето на Едгард Давидс од Милан во ЈУвентус“, изјави Такинарди.

Според најавите трансферот на Влаховиќ ќе биде комплетиран најдоцна до петок. Јувентус ќе плати сума помеѓу 67 и 75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи има потреба од 60 милиони за да ги регистрира новите засилувања

Челзи има потреба од 60 милиони фунти од продажби, за да може да ги регистрира новите заси…