Екипата на Манчестер Сити која од клупата ја предводи Пеп Гвардиола одигра сезона од соништата во Премиер лигата.
Граѓаните во оваа сезона го направија она што практично беше незамисливо, бидејќи титулата ја осигураа на неколку месеци пред крајот на првенството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во еден момент се чинеше дека сезоната можат да ја завршат без пораз, како што тоа им успеа на Арсенал, но на крајот сепак не се случи бидејќи Сити беше поразен од Ливерпул и Јунајтед.
Сепак, Граѓаните после синоќешната победа против Брајтон со 3:1 соборија неколку рекорди. Тоа им беше 31 победа оваа сезона, што е најмногу за една екипа од формирањето на ПЛ. Понатаму, освоија 97 бода што исто така е најмногу и го соборија рекордот по број ан постигнати погодоци во една сезона – 105.
ите овие рекорди Граѓаните ќе имаат прилика дополнително да ги подобрат во последниот натпревар против Саутемптон кој е на распоредот во недела.
Sve ove rekorde Građani će imati priliku dodatno poboljšati u posljednjem kolu protiv Southamptona koje je na rasporedu u nedjelju.