Дома Фудбал Репрезентации Сојузот му одговори на Озил: Во нашиот фудбал не постои расизам

Сојузот му одговори на Озил: Во нашиот фудбал не постои расизам

Германската фудбалска федерација излезе со официјално соопштение откако Месут Озил се пожали дека се чуствува дискримниран и најави повлекување од репрезентацијата.

Озил во својата изјава порача дека бил разочаран и погоден од расизмот и непочитувањето кое кон него го имале голем број германски фанови. Фудбалерот откри и дека добивал голем број порака со закани поради неуспехот на Германија на Светското првенство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во соопштението од германскиот сојуз стои:

„Навистина ни е жал за одлуката на Озил да ја напушти репрезентацијата. Ние категорично ги отфрламе сите обвинувања кога е расизмот во прашање. Федерацијата долги години учествува во интеграциските процеси во Германија“.

Да потсетиме, Озил освен за лошиот настап на Мундијалот беше силно критикуван и со фотографијата со турскиот претседател Ердоган под која стоеше натпис „мој претседател“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Легендарнот Дел Пјеро го донесе трофејот за Светското првенство во Саудиск Арабија (Видео)

Трофејот на Светското првенство во фудбал денеска го достигна Ријад, Саудиска Арабија. Ова…