Бразилецот Нејмар минатото лето го шокираше светот кога одлучи да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.
Очигледно Нејмар сакаше да излезе од сенката на Лионел Меси, но и доби прилика да стигне до огромна заработка. Меѓутоа во последно време многу се шпекулираше за негов трансфер во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно Нејмар не е задоволен од Париз и сака нова понуда. Голем број шпански медиуми пренесуваат дека ПСЖ е само попатна станица за Бразилецот и дека негова крајна цел е Реал Мадрид.
Неодамна неговите поранешни соиграчи како Иниеста, Меси и Луис Суарез истакнаа дека не можат да го замислат Нејмар во дресот на големиот ривал.
Шпанските и француските медиуми тврдат дека Бразилецот наводно има договор со сопственикот Флорентино Перез за неговиот трансфер во Мадрид.
Сега за евентуалниот трансфер на Нејмар проговори и сопственикот на ПСЖ.
„Нејмар во Реал Мадрид? Не, тоа е невозможно. Едноставно невозможно“, изјави Насер Ал Келаифи.