Дома Фудбал Останато Сопругата на Рејес објави фотографија од последната порака која и ја испратил (ФОТО)

Сопругата на Рејес објави фотографија од последната порака која и ја испратил (ФОТО)

На 1-ви јуни се случи голема трагедија, во собраќајна несреќа животот го загуби шпанскиот фудбалер Хозе Антонио Рејес.

Рејес беше на залезот на својата играчка кариера и настапуваше за шпанскиот нисколигаше Екстрамадура. Пред несреќата Рејес бил на тренинг на својот клуб, а кога дознал дека не е во конкуренција за настап за следниот натпревар одлучил да се врати дома.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој ден Рејес возел 237 километри на час со Мерцедес С550.

Во својата кариера 35 годишниот Рејес го носеше дресот на Севиља, Арсенал, Реал Мадрид и Атлетико.

Неговата сопруга Ноела Лопез сигурно нема никогаш да го заборави, а денес објави фотографија од пораката која ја и ја испратил Рејес.

„Добро утро мама, те сакам“, пишува во праката која Рејес ја испратил во 07:43 часот наутро на „ВатсАп“, а почина во 11:40.

Исто така може да се забележи дека Рејес непосредно пред трагичниот момент и испратил две звучни пораки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не е Радукани: Алкараз има девојка повозрасна шест години од која застанува здивот! (Фото)

Американската манекенка и ѕвезда на „Sports Illustrated“, Брукс Нејдер (28), повторно е во…