Дома Останати Тенис Сопругата на Коби испрати порака за Ѓоковиќ 📸

Сопругата на Коби испрати порака за Ѓоковиќ 📸

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ изминатата ноќ ја освои својата 24-та Грен-слем титула и ја прослави во чест на легендарниот Коби Брајант.

По завршувањето на финалето во кое победи со 3:0, Ѓоковиќ облече маица на која пишуваше „Мамба засекогаш“, а на неа беше испечатена нивна заедничка фотографија и бројката 24 која асоцира на Коби.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По финалето се огласи и сопругата на Коби, Ванеса Брајант која му ја честиташе победата на Ѓоковиќ.

„Честитки, Ноле, тој е тој мамба менталитет. Вистинскиот го препознава вистинското“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ искрен: Не знае дали повторно ќе заигра на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ денеска за прв пат во своите 11 финалиња на Австралискиот Опен го доби сребр…