Дома Останати Кошарка НБА Сомнежите се зголемуваат: Дали од НБА случајно открија дека Дончиќ ќе игра на „Ол-Стар“? (ФОТО)

Сомнежите се зголемуваат: Дали од НБА случајно открија дека Дончиќ ќе игра на „Ол-Стар“? (ФОТО)

Шансите се поголеми – Дончиќ може да игра на Ол-Стар!

Лука Дончиќ би можел да заигра на „Ол-Стар“ натпреварот, натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата кој се игра овој викенд.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со нетрпение се чека одлуката бидејќи многумина сметаат дека Дончиќ е првиот играч „под линијата“, а повредата на Ентони Дејвис би можела да го одведе во Шарлот.

Дејвис заработил повреда на рамото во натпреварот против Оклахома, а наскоро ќе дознаеме дали ќе игра во Шарлот.

Во Њу Орлеанс сметаат дека тоа не е премногу паметно, а сето тоа оди во прилог на Дончиќ. Покрај, Дончиќ се споменува името на Донован Мичел, меѓутоа Лука е прв фаворит.

Џејмс и Адетокумбо добија најмногу гласови во гласањето кое беше во три дела. Навивачите со своите гласови даваат 50 проценти од гласовите, а се сметаат и по 25 проценти гласови од медиумите во САД и од играчите во НБА-лигата. Во еден ваков систем на гласање, најмногу загуби дебитантот Лука Дончиќ.

Тинејџерот од Словенија има фантастича прва сезона во НБА-лигата, а тоа знаат да го ценат навивачите. Дончиќ доби повеќе од четири милиони гласови и беше на второ место, веднаш зад Џејмс. Сепак, во изборот на медиумите и играчите во НБА, Лука беше „заборавен“.

Сега од НБА направија пропуст кој можеби најави дека Дончиќ за радост на сите на овие простори ќе го гледаме на „Ол-Стар“ натпреварот.

Имено, на социјалните мрежи на НБА се појави видео од најдобрите потези на Дончиќ под кое беше напишано:

„Тој не е секојдневно руки! Додавањата на магичарот Лука Дончиќ во пресрет на неговиот прв настап на Ол-стар мечот во недела!“.

Сепак, обајвата брзо промената и место „Ол-Стар“ се преправи „ѕвездите во подем“.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…