Дома Фудбал Англија Солскјер откри: Ми требаат две или три засилувања во јануари

Солскјер откри: Ми требаат две или три засилувања во јануари

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер за англиските медиуми изјави дека на неговиот клуб му се потребни две или три засилувања во јануарскиот преоден рок.

„Црвените ѓаволи“ конечно успеаја да ја „фатат“ вистинската форма во последните неколку натпревари, а Солскјер очигледно смета дека со две или три нови имиња клубот ќе може да ги исполни поставените цели од почетокот на сезоната.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


“Сакаме да го засилиме тимот на голем број позиции. Ако го погледнеме нашиот тим и го споредиме со останатите, тогаш можам да кажам дека сме тука некаде, но потребни ни се уште двајца или тројца играчи за да можеме да ротираме во долгата сезона, а ќе видиме кои ќе бидат играчите “, рече Норвежанецот.

Инаку, неколку имиња се поврзани со трансфер во Јунајтед во последните неколку недели, особено младото дуо Џордан Санчо од Борусија Дортмунд и Ерлинг Халанд од Ред Бул Салзбург.

Исто така, Јунајтед бара да се засили во средниот ред и одбраната, а на мета се Саул Нигез од Атлетико Мадрид и Кулибали од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нова рутинска победа на Милан🎥

Милан запиша трета победа по ред во Серија А откако рутински славеше на домашен терен прот…