Манчестер Jунајтед не успеа да ja совлада Астон Вила на „Олд Трафорд“ и одигра само 2-2.
Гостите поведоа веќе во 11. минута, а Јунајтед пред крајот на првиот дел стигна до израмување со автоголот на Хитон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот дел домашниот тим дојде до водство преку Линделоф во 64. минута, но само две минути подоцна Мингс погоди за 2-2, а резултатот до крајот остана непроменет.
По натпреварот, Оле Гунар Солскјаер истакна дека не е задоволен од играта во првото полувреме и затоа Јунајтед дури не заслужи да го победи натпреварот.
„Кога ќе примите гол толку рано на „Олд Трафорд“, имате многу време да се вратите во игра, но имав чувство дека не се справивме добро и би можеле да бидеме среќни што на полувремето беше 1-1”, рече Солскјаер по натпреварот и додаде:
„Второто полувреме беше подобро, извршивме притисок врз нив и создадовме шанси. Тие имаа солидна шанса преку Греалиш, но создадовме голем број на одлични можности што можеа да ни донесат победа во овој натпревар. Сепак, мислам дека не заслуживме да победиме – особено по првото полувреме.“