Дома Фудбал Италија Солзите на Буфон го мотивираа Кедира: Ќе направам се за да ја освои Лигата на шампионите

Солзите на Буфон го мотивираа Кедира: Ќе направам се за да ја освои Лигата на шампионите

khedira buffon

Клупскиот соиграч на Џанлуиџи Буфон, истакна дека му е жал за се што се случи во Италија претходните денови.

Сами Кедира истакна дека солзите на Буфон по поразот на Италија го мотивирале да даде се од себе за голманската легенда да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не можам да кажам дека сум среќен. Тоа што Буфон плачеше навистина ме погоди. Верувам дека ги погоди сите, без разлика дали се Италијанци или не се. Буфон е голем спортист, жива легенда. Тој збор денес се користи премногу често, но кога е Буфон во прашање јас искрено го користам. Искрено се надевав дека ќе има можност да игра на Светското првенство“.

„Му испратив порака на Буфон, но сега ни се потребни дела, а не зборови. Му недостасува еден трофеј (Лигата на шампионите), ќе му помогнам да ја освои“, изјави Кедира за „Билд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…